Proverbs
Злото не пробира. | |
Злото се слушат подалеку од доброто. | |
Змија в пазва. | |
Змија голаб не рожџат. | |
Змија и жена вера немет. | |
Змија кажува ле си нозете та и мома греовето. | |
Змија му влегла в ќесе, што неќи да си плати. | |
Змија му влегла в ќесе. | |
Змија нога и жена години не кажвет. | |
Змија нога кажвит, та тој нешчо да кажит. | |
Змија нога кажвит? | |
Змија нога не кажвит. | |
Змија нога, жена години и мъж пари не кажвет. | |
Змија од него да къснит, ќе се отрујат. | |
Змија со гола ръка не се фашчат. | |
Змијата кога се влечит се се кривит, ама кога ќе приближи до дупката, сакат-неќит ќе се испраит. | |
Змијата рекла: „Ако ми згазниш на опашкава, ќе се евртам и ќе те къснам". | |
Змијата сама си је јајт опашката. | |
Змиска коска не се јајт. | |
Знае воденичарот какво брашно турил во вреќата. | |
Знаењето без пракса не вреди многу. | |
Знаењето е сила. | |
Знаит Господ чие масло гори во твоето кандило. | |
Знам оти не сам царова шчерка. | |
Знъењето е најголемо богатство. | |
Знъењето е право богатство. | |
Знъењето остај го овде, а тајната прибери си ја в гроб. | |
Знъјт господ чије масло горит во кандилото. | |
Знъјт Петко да копат лозје. | |
Знъјт Петко да плашит деца. | |
Знъјт Петко ке презимвет ракојне. | |
Знъјт Петко шчо имат во торбата. | |
Знъјт свиња шчо е диња. | |
Знъм шчо го болит, ама не можам да му поможам. | |
Зобница којнска, самарче магарешко. | |
Зобницата трчат, а не ајванот. | |
Зобницата трчат. | |
Зобниче магарешко, а самар коњски. | |
Зобта го кара коне, а не камшијата. | |
Зобта трчат, а не коњот. | |
Зол трн — зла копачка. | |
Зол трн, зла копачка. | |
Зорле арнина не бива. | |
Зорле на човека можеш да му земеш, не можеш да му дадеш. | |
Зорт голем му дадов, да така парите му 'и зедов. | |
Зошчо ми е златен леген кога крв ќе пљувам во него. | |
Зошчо ми е устава, ако не за фалење. | |
Зошчо ми си во радост, кога те немат во јадост. | |
Зошчо ми си на волја, ко те немат во неоља. | |
Зошчо му е брадана ко немат во глана. | |
Зрелата круша сама си паѓа. | |
Зрелите круши свињите 'и јадат, и убаите моми лоши момчиња 'и водат. | |
Зрно по зрно — погача. | |
Зулум додека не стане, царство не ѓине. | |
Зулум дури не биди, царсто не гинит. | |
Зулумќар чоек што се стори, бре! | |
Зулумот кога навали, луѓето тргаат триста маки. | |
Зъјакон трпит да го вјат жељка, зашчо орелон е над него. | |
Зъјакот в планина, а тој ръжен готвит. | |
Зъјакот и спијат и гљат. | |
Зъјакот је рекол на жељката; "Вјај ме жељко, дури орелон летат над мене". | |
Зъјакот трпит зашчо, орелон е над него. | |
Зъјакот умират на седелото. | |
Ѕвиздјам ко капкана под стрјана. | |
Ѕвонец лесно не се носит. | |
Ѕвонец на свиња не се бесит. | |
Ѕвонецот оддалеку се слушат. | |
Ѕвонецот свој не беси го на чужџ врат. | |
Ѕвонецот свој не беси го на чужџ овен. | |
Ѕид без малечки камчиња не стои. | |
Ѕид се с глава не бута. | |
Ѕидојте имат уши. | |
Ѕизд со гла не се рушвит. | |
Ѕиздат кули под облаци. | |
Ѕиздот без малечки камчиња не стојт. | |
Ѕиздот имат и очи и уши. | |
Ѕиздот уши имат, плотот очи имат. | |
И лисицана е итра, ама кожата нејзина на ќуркчи је продавет. | |
И арамијата знаит оти од тоа што го крадит аир не ќе видит. | |
И арен и лош, за себе си е. | |
И баба знае да меси баница куга има месило. | |
И баба меси шарен зелник куга има шарило. | |
И без петел ќе се разденит. | |
И без петел савнува. | |
И без петли може да се ос'мне. | |
И без поп го закопавме. | |
И без поп се закопвит. | |
И без страшило си страшен. | |
И без такви шила не бидува. | |
И без темјан се отпевјат. | |
И бијолицана бело млеко дат | |
И бълвана имат жълчка. | |
И в амбар со мера се фрљат. | |
И в село без кучиња с тојага се оди. | |
И в'ко да е сит, и овците да се на број. | |
И верава наша била полу тикви, полу чупки. | |
И владика мојт да пречекат. | |
И влакното го цепит. | |
И во јајцето влакно би нашол. | |
И водана имат зъби. | |
И водана имат срце. | |
И водана имат уши. | |
И водана късат. | |
И вълкот сит, и овците на број. | |
И глувјот да те чујат. | |
И глушецот мојт понекогаш да му поможит на арсланот. | |
И господ се смејт кога арамја на арамја ќе му украдит. | |
И грозјето е црно ама е слатко. | |
И гулема и маленка невеста еден мастраф. | |
И гъзов е мој, ама ми смрдит. | |
И гъзот ти смрдит, ама го носиш. | |
И да видам, не вервам. | |
И да стисниш и да прдниш, не се мојт. | |
И даруле магаруле, и недаруле магаруле. | |
И дедо знаи да ми ти баи за да ми ти понеаи. | |
И дремоне срце има. | |
И ѓаолот го потковјат. | |
И ѓаолот знъјт шчо е арно, ама не прајт. | |
И ѓаолот преку вода жеден го поминвит. | |
И ѓаолот пукнал од Влаот. | |
И жена си за пари би је продал. | |
И живи и умрени во една. | |
И за господа ако е, многу е. | |
И за кучето опитвет од каков сој е. | |
И за малата неста и за големата неста требет сватој. | |
И за најмилиот гостин три дни се доста. | |
И зелник се лесно не јаде. | |
И змија да е, од срце да е. | |
И ѕидот има уши. | |
И ѕиздојне имет уши. | |
И изметкале конците. | |
И итриот се лажит, како будалата што се лажи. | |
И јас мога, и кон може, ама господ не поможе. | |
И јасиката је висока, ама ја серет чафките. | |
И јъсикана е висока, ама сенка немат. | |
И јъсикана е висока, ама чавки је серет. | |
И калта од под ноктите си је даде. | |
И калуѓерот срце имат. | |
И камено срце има. | |
И каменон би го расплакал. | |
И кафено е црно, ама бегој го пијет. | |
И кладоте главите во торбите. | |
И кога си пријатељ со кучето, не пушчај го стапот. | |
И козата има брада, ама коза е. | |
И кокошка без петел не носи ајајца. | |
И кокошката го чепка гнојот, за да си најди некое зрно. | |
И кокошката кога пиет вода, се пулит на Бога. | |
И коњо познава што чоек го вјават. | |
И коњот познат кој го вјат. | |
И кошуљата од плешчите би си ја дал. | |
И кучето се од сој тера. | |
И ќората кокошка мојт да најт зрно. | |
И лебон плачит ко се јајт забадјала. | |
И магаре не умира, ама и шарко си работа нема. | |
И мајка ми да беше момичка, ќе је речев „моме" а не „мамо". | |
И малата и големата неста сакет сватој. | |
И малото камче можит кола да превртит. | |
И мачкана би фашчала рипчиња, ама не сакат даси 'и квасит нозете. | |
И мачорокон имат мустаќи. | |
И медот е благ, ама прстите не се јадет. | |
И моата кучка ќе фане зајак. | |
И моето петле ќе пропејт. | |
И мојот 'рт ќе фатит зъјак. | |
И мъмејнца едни пъти поможвит. | |
И на газо требе очи да имаш. | |
И на ѓаолот легалото му го знъјт. | |
И на ѓаолот опинци му обувјат. | |
И на магарето ќе му речиш „вујко", дури да го поминит мостот. | |
И на прдежот „појли" му велит. | |
И на шега Бог помага. | |
И најарнијот пливач мојт да се удајт. | |
И најдобрата кола може да се преврти. | |
И најдобриот стрелец може да промаши. | |
И најубавата роза на крајот овенува. | |
И нашите петли црвени јајца носет. | |
И невеста мазна има. | |
И него го огрјало сънце. | |
И нему Госпо му помага, ако е друга вера. | |
И нечистата вода гаси пожар. | |
И ние леб јадеме, трева не пасеме. | |
И нов излак копе, и в старие не плуве. | |
И ноќта ден је прајт. | |
И ова ќе поминит, ама тръга ќе остајт. | |
И ова ќе поминит. | |
И од господа ако е, многу е. | |
И од пиле млеко се наоѓа кога чоек да барат. | |
И од пиле млеко се наожџат, само чвек да барат. | |
И од сенката се плашит. | |
И опинциве би 'и изел. | |
И опулил очите како некој мачор. | |
И ореот и каменот му се в ръце. | |
И остаиле мечките да вардат киселачките. | |
И отспреди и одзади поп. | |
И очите во глата би 'и скарал. | |
И пенот е убав ко да е променат и наситен, ама пак си е пен. | |
И пердув да си клајт на капана, пак попустина. | |
И пес од сој се барат, камоли чоек. | |
И песо коската не ја гризи, ако нема месо. | |
И петлите јајца му носет. | |
И пијаниот бега од будалата. | |
И пилето в гората тера ватан. | |
И пилето е маленко, ама седело си прави. | |
И пилето очи има. | |
И плевната изгоре, ама и глувците. | |
И по капата се гледа. | |
И под волот теле не се барат. | |
И под дрео и под камен да си, ќе те најт. | |
И под дрео и под камен ќе најт. | |
И пој, попе, и ори. | |
И помоканите черешни се јадет. | |
И поп попове има. | |
И попадија маана има. | |
И прстите не се еднакви. | |
И прчон брада носит. | |
И пчелана е малечка, ама мед берит. | |
И пчелана по убото цвеќе летат. | |
И пъјакон плетит пъјачина, за да се ранит. | |
И решетоно имат срце. | |
И решчето срце има. | |
И светците грешеле , ама се посветиле. | |
И светците згрешиле, ама пак се осветиле, откоа се покајале. | |
И снцето не мош насекаде да огрее, та јас ле. | |
И та бабина, и та бабина. | |
И татка си за пари би го продал. | |
И тоа што ми го даде, низ нос ми го изваде. | |
И тополана е висока, ама чавки је серет. | |
И тука имат негво масло. | |
И улаиот бега од пијаниот, камоли умнио да не бега. | |
И умрен да е, ако чујат за пари, би станал. | |
И утре имат ден. | |
И царот е чоек, ама од Бога е благосоен. | |
И царската рана се свршвит. | |
И царското азно се битисвит. | |
И црната крава бело млеко дат. | |
И чоекот да ја сеит жито земјата, ама и Господ со сонце да ја стоплит. | |
Иако цел ден е пред икони, пак си е ороспија. | |
Иверо не пада далеко од корено. | |
Игла да посејш, ќушчија ќе изникнит. | |
Игла немат ке да фрлиш. | |
Иглата е гола, а цел свет го облекува. | |
Игнетја — пригнетја. | |
Игра ле мечката у комшијата, ќе дојде и у тебе. | |
Игра маќа за комат. | |
Играјнца — плакајнца. | |
Играјте, деца, оти местото е свирено. | |
Играт попот од бељата. | |
Играчка плачка праат децата. | |
Играчките за децата, а за мажите работата. | |
Идат време продат бреме. | |
Идат време, носит бреме. | |
Идат Голе. | |
Иди коло на тркало. | |
Иди му тупе, иди му свири. | |
Избирачот неженат останвит. | |
Извај капата, удри ме. | |
Извај од зъбот, фрли на гъзот. | |
Извај си ја капата, удри ме. | |
Изгледот лаже. | |
Изгорел амбарот, изгореле и глувците. | |
Изгубеното време назад не се враќа. | |
Изел нога од кокошка, та му преткат во меон. | |
Измеќар верен — прав стопан. | |
Измери, па крај. | |
Измешај се со трици, ќе те изејет свињи. | |
Икономијата е душман на сиромашчијата. | |
Икономијата е мајка на богатството. | |
Иктиза продат, иктиза купвит. | |
Или биди мос да те газат сите, или биди орел та секој да клофаш. | |
Или свет или света фани. | |
Или со мене или против мене. | |
Или со сила, или со итрина. | |
Илјада гледај коа да купуаш нешго, и едно земај. | |
Илјада игли за една пара. | |
Иљјаџија — бељаџија. | |
Им влегол Ѓаволот под капа. | |
Има граници на сечија стрпливост. | |
Има лошо што донесуа арно. | |
Има лошо, има и полошо. | |
Има луѓе што знаат и прашаат. | |
Има нешчо та се вика Џоревата чешма. | |
Има у мнозина ум, ама у малцина разум. | |
Има умирачка за нестреќа и за стреќа. | |
Има чоек што вели: што знам јас никој не знаит. | |
Има чоек што добрина не припознаат и имат што припознаат. | |
Има чоек што имат пари и пак чоечки не живеи. | |
Има чоек што си колни и тепа татка си и мајка си. | |
Имај веричка во себе и во својето магаренце. | |
Имај мислата при Бога за да ти помага. | |
Имај си брада, да за чешли колку ти душа сака. | |
Имај си жена будала, ако сакаш по светот да те продаа. | |
Имај си жена расипница, ако сакаш да ти се запусти куќата. | |
Имај си кротко срце, ако сакаш да живеиш поеќе годиње. | |
Имај си пари, да ако си сиромав. | |
Имај стока, ќе ја продаиш, ами ако немаш, што ќе продаиш? | |
Имам во што, немам со што. | |
Имам да давам, немам да зимам. | |
Имам со што, немам зашто. | |
Имам стока за продавање, ама немат нога. | |
Имањето нема ситост. | |
Имат пари, „Ристос воскресе"; немат пари, „смертију смерт". | |
Имат век, имат лек. | |
Имат век, имат лек; немат век, немат лек. | |
Имат Господ и за нас. | |
Имат кучешки нос. | |
Имат луѓе, ем не знаат, ем не прашаат. | |
Имат Мара појља. | |
Имат трески за делкање. | |
Имат ука, ама имат и одука. | |
Имат Шарко лој. | |
Имаш ле вуќа владика, поп ќе бидеш. | |
Имаш ле грб, самаре триста. | |
Имаш ле лев в раце, арен си. | |
Имаш ле магаре, не си магаре. | |
Имаш ле маша, нема да си гориш прстите. | |
Имаш ли грб, самари триста. | |
Имаш мустаќи да прогориш. | |
Имаш образ да прогориш. | |
Имаш пари имаш чест, немаш пари немаш чест. | |
Имаш пари — везир, немаш пари — резиљ. | |
Имаш пари, имаш фара. | |
Имаш пари, имаш фара; немаш пари, немаш фара. | |
Имаш пари, имаш чест. | |
Имаш стреш во глата! | |
Имаш ум во глата! | |
Имаш ум во глата, аљ во петиците? | |
Името од бота е поголемо од се. | |
Инат глава ќине. | |
Инат праит како магаре на мос. | |
Инато вади око. | |
Инато е поблаг от медо. | |
Инатчијата умират, ама зборот назад не си го земат. | |
Инетот е поблаг од мед. | |
Инетот е поблаг од се, затва поскъпо се плашчат. | |
Инетот коски немат, ама коски кршит. | |
Искај го платното, клоцни го кроеното. | |
Искарали пилци, накарали опинци. | |
Ископал гроб за други, сам паднал во него. | |
Искуството е најдобар учител. | |
Искуството е учител на се. | |
Испечи, па речи. | |
Исповедан грев не ет грев. | |
Испод мира — триста вира. | |
Исправен како пушка. | |
Исправен како пушка. Исправен како свеќа. | |
Исправен како свеќа. | |
Истај ми се од пред очиве, оти како крв ми се гледаш. | |
Истрчал ко ждребе пред руда. | |
Ит'р да си да се не лажиш, ами и да не излажиш. | |
Ит'р како некој ѓаол. | |
Ит'р се лажи, глупав се рани. | |
Итар како змијулче, кроток како гулапце. | |
Итер бил, та зимал, улав бил, та давал. | |
Итра була в празна кула не бива. | |
Итра була в празна кула. | |
Итра лесица — пада в стапица. | |
Итра Митра за комат, за работа никој пат. | |
Итрата лисица стреде стапица. | |
Итрите јале, будали дале. | |
Их, што бричена глаа имат! | |
Их, што му сечи умо глаата! | |
Их, што шарен ѓаол ет: очите во глаата му играат! | |
Ишчав се отворат со јадењето. | |
Ја бафт ја тафт. | |
Ја брз терзија да бидиш, ја брз питач, ја брз арамија. | |
Ја врзавме работата со бубаќерен конец. | |
Ја донесе работата варангуца. | |
Ја зареза куќата како на рабуш. | |
Ја затрни куќата, је кладе трн под опачка. | |
Ја збират парата како гнојот раната. | |
Ја збират парата како песо болвите. | |
Ја збират парата како пчелата медот. | |
Ја збират парата како чумата децата. | |
Ја има некаде обесено пушката. (За некој што се заљубил). | |
Ја клава главата в торба. | |
Ја млад жени се, ја млад калугери се. | |
Ја му викам стрижено е, он ми вика бричено е. | |
Ја накрена лејката. | |
Ја напади таа ороспија сиромаштијата. | |
Ја од устата, ја од работата. | |
Ја рано жени се ја рано кауѓери се. | |
Ја растурила жената куќата како табаана. | |
Ја си и отваре, ја ќе ти и отвора. | |
Ја срмени елеци, ја глобоки ендеци. | |
Ја супраи куќата откога ја искрши посатката. | |
Ја тиква ја лубеница ќе му излезит работата. | |
Ја ум на улаите ја на Свети Наум. | |
Ја ум, ја св. Наум. | |
Ја шарата, ја шараџијата. | |
Ја шири, па чакај, ја стисни, па бегај. | |
Јабанџијата не е мил. | |
Јаболконо го гљаш однадвор црвено, ама внътре гнило. | |
Јавај го дури те носит. | |
Јагне се познава по опашката, а јаре по градите. | |
Јагуридата полека-лека мед бидуат. | |
Јад го фатил, та ќе умрит. | |
Јадење, пиење — братсќи, пазарл'к абанџисќи. | |
Јади боб, кради кон. | |
Јади за да живеш, не живи за да јадеш. | |
Јади, Маро, сирење зашчо овчар сакаше. | |
Јади, пи, весели се и во жиотот посери се. | |
Јади, пиј, гладан легни, спиј. | |
Јадиш, пиш, лениш, спи — така си праат мрзливите жени. | |
Јазел со рака не се одврзуат, а со сабја се пресечуат. | |
Јазик кљука, глава пука. | |
Јазик праит добро, јазик праит лошо. | |
Јазико кокалје нема, кокалје крши. | |
Јазико коски нема, ама коски кршит. | |
Јазиќут нема коски, са врте насекжде. | |
Јајт ко мечка, а работат ко мравка. | |
Јајт ко мравка, а работат ко мечка. | |
Јајт ко од глад да побегнал. | |
Јајт леб со сълѕи. | |
Јајт, пијат баба и деда не го заборат. | |
Јајце да зејш од него без жълток ќе бидит. | |
Јајце на глава ми се печит. | |
Јајце на гъзон му се печит. | |
Јајцено е мало, ама големо пиле излегвит | |
Јајцето стриже, влакното цапи. | |
Јајш, куме, печено прасе? | |
Јака вера планини премествит. | |
Јака вера — страчкин мозок. | |
Јаки очи сакет, појаки не давет. | |
Јако е магарето. | |
Јал не јал, брои ти се. | |
Јал не јал, три и пол. | |
Јаре од стара коза. | |
Јаребица му паднала на соколот в раце. | |
Јас го викам бисерко, а он мене посерко. | |
Јас го кршчам, тој прдит. | |
Јас го терам по небото, а оно е по земјата. | |
Јас господин, ти господин, ами кој ќе го турит житото во амбар? | |
Јас да имам пари, да ако сум сиромав. | |
Јас да мисљам оту ојш, ти да идаш. | |
Јас дека ќе умрам, зер векот ќе го сотрам? | |
Јас дека реков не пресеков. | |
Јас душата си ја давам за пријателот. | |
Јас жив заклан сум за пријателот. | |
Јас ја бија матеницата, а он крка маслото. | |
Јас кат на братец, ти кат на свирец. | |
Јас куга и тогај ќе те кача на моата кола. | |
Јас кучето го извам од бунар, а то ме късат. | |
Јас мислам оту се врашчат, а тој ушче одел. | |
Јас му велам: сум ад'м, тој ме прашат: колку деца имаш? | |
Јас на моите очи зер не ќе се веруам, ами на туѓите зборои? | |
Јас не сум лош како Петка ваш, Петко се со нож, а јас се со грош. | |
Јас не сум цвеќе, да да ме мирисаш, ами сум коприва. | |
Јас пијам, друг се опиват. | |
Јас сам последната дупка на свиралото. | |
Јас си го вардам како очите детето. | |
Јас те пушчам дома, а ти се качуваш и на полицата. | |
Јас тропам тапане, друт го збира брашното. | |
Јасно небо — голем студ. | |
Је барат татква си венчанина. | |
Је држит жена си за перчин. | |
Је кренала кучката опашката. | |
Је остајл мачката да је вардит рибата. | |
Је отворивме вратата голема, сега не се смаљвит. | |
Је скрши мътиката. | |
Је стежнала фурката. | |
Је удри мътиката. | |
Јован за рода, магаре за стока. | |
Јунак без пари рана не прајт. | |
Јунак без рана не бива. | |
Јунак вера немат, момичка страм немат. | |
Јунак голем со дружина добра. | |
Јунак лозје копа, мајсторија кози пасе. | |
Јунак непљагосан немат. | |
Јунак со дружина бидвит. | |
Јунаци корења копет. | |
Јъгуља со голи ръце не се фашчат. | |
Јъзикот е поостар од сабја. | |
Јъзикот коски немат, ама коски кршит. | |
Јъзикот сечит поостро од сабја. | |
Јъчменот трчат, а не коњот. | |
Ка башчата и сино. | |
Ка викнеш така ќе ти озоват. | |
Ка е господ, никој не е. | |
Ка ме гледаш, така ќе ме пишаш. | |
Ка си надробиш, така и ќе си сркаш. | |
Ка си постелеш, така ќе си легнеш. | |
Ка си солиш, така ќе си сркаш. | |
Ка старее, магарее. | |
Ка ти викнат, така и ќе се јавиш. | |
Ка ти е ато, така ти е и саато. | |
Ка ти свират, така и ќе играш. | |
Кабетлијата е помал од бълва. | |
Кабетот е сирак. | |
Кавга без човеци не бива. | |
Кавгата е секугаш за метрото, за нивата не е. | |
Кавгата за никого не е арна. | |
Кавгаџија татко, кавгаџија и сино. | |
Каде го тераш, там го наодиш. | |
Каде дума не помага, тојагата помага. | |
Каде е Господ никој не е. | |
Каде е овцата газила, ќе гази и јагнето. | |
Каде е текла водата, па ќе тече. | |
Каде има волја, ќе се најде и начин. | |
Каде има сила, нема правдина. | |
Каде има трска, таму има вода. | |
Каде ќе биде трупот, таму орлите ќе се собираат. | |
Каде ми е домот, таму ми е добро. | |
Каде нагази, трава на расте. | |
Каде нема чест, нема ни каење. | |
Каде пеат многу петли, подоцна осамнува. | |
Каде се пилето опилило, там му е мило. | |
Каде сите Турци, таму и ќоравиот Асан. | |
Каде сонцето влегува, докторот не доаќа. | |
Каде среќа таму и несраќа. | |
Каде треба мотика, не треба молитва. | |
Каде што ти е срцето - таму ти е куќата. | |
Кадешто оградата е најниска, таму најлесно се минува. | |
Кадија лаже, ѓубре не лаже. | |
Кадија те тужи, кадија те суди. | |
Кажан грех не е грех. | |
Кажи је на капана. | |
Кажи ми ги пријателите за да ти кажам каков си. | |
Кажи ми со какви се дружиш, ќе ти кажам каков си. | |
Кажи ми со кого ојш, да ти кажам каков си. | |
Кажи ми, да ти кажам. | |
Кажи на свињата вујко, додека да заминеш мосто. | |
Кажуј праото пред секого и ич не бој се од никого. | |
Кај двајца, тој тројца. | |
Кај е сила нема правдина. | |
Кај збор не помага, тамо стап помага. | |
Кај најди, јади; кај не најди, не јади. | |
Кај не го сеиш, тамо никнуа. | |
Кај оди, оди волче, се камен го толче. | |
Кај оди, оди куче, се намен го толче. | |
Кај се родило пилето, си праи седелцето. | |
Кај ти што си шиел векот се провирале. | |
Кај тум и бум, тој ти бидуа кум. | |
Кај што го боли на чоека забот, таму му оит јазикот. | |
Кај што ѕвонат големите ѕвона, малите не се слушаат. | |
Кај што излегуа збор, — и душа. | |
Кај што има гнасотиј, тамо се збираат муи. | |
Кај што има голема гозба, земи си мало лажиче. | |
Кај што има двајца, тројца не бидуа. | |
Кај што има жито има и глувци. | |
Кај што има овци, има и бачило. | |
Кај што има овци, ќе има и колци. | |
Кај што има овци, ќе има и спорци. | |
Кај што има сила, има и правина. | |
Кај што има сила, нема правдина. | |
Кај што има, има; кај што нема, нема. | |
Кај што ќе појдит јунчето, тамо и порожето. | |
Кај што летаат чавки, има нешто. | |
Кај што мавна, трева не никна. | |
Кај што мотика не копа, грозје не се раѓа. | |
Кај што не помага збор, тамо и стап не помага. | |
Кај што нема вода, тамо село не бидуа. | |
Кај што немат мачка, глувците барат пљачка. | |
Кај што паѓа чоек, таму и стануа. | |
Кај што паси овцата, тамо си ја остаа и волната. | |
Кај што плука чоек, треба да не лижи. | |
Кај што се караат браќа, истај се ти поскраја. | |
Кај што сите криват, и ти криви. | |
Кај што стапи, трева не порасна. | |
Кај што старите не се слушаат, и Господ не му даат. | |
Кај што те викаат, оди; кај што те тераат, бегај. | |
Кај што те чеша твојата рака, не те чеша туѓата. | |
Кај што треба молитва, не треба мотика. | |
Кај што треба мотика, не треба молитва. | |
Кај што чади, тамо се јадит. | |
Как ќе солиш, так ќе јадиш. | |
Какараска од кол на кол — на остар кол. | |
Каква брада, таков брич. | |
Каква врата — таков клуч. | |
Каква врба, таков клин. | |
Каква гла, таков брич. | |
Каква глава, таква капа. | |
Каква домаќинката, таква и куќата. | |
Каква е лозата, такво е грозјето. | |
Каква коза, такво јаре. | |
Каква куќата, таква домаќинката. | |
Каква лељајка го залељала, таква мътика го закопала. | |
Каква мајка, таква ќерка. | |
Каква маќа — таква шчерка. | |
Каква му гла, таква му капа. | |
Каква птица, такви јајца. | |
Каква работа, таква плата. | |
Каква рачичка преда, таква газичка носила. | |
Каква реч, таков устрел. | |
Каква ти е верата, таква ти е и вечерата. | |
Каква чаршија — таков аршин. | |
Какви сме, свој си сме. | |
Какво дрво — таков прат. | |
Какво дрво, таков плод. | |
Какво дрвце, такво свирче. | |
Какво е посејал, такво и ќе пожние. | |
Какво насадиш, такво ќе сркаш. | |
Какво печење — такво решение. | |
Какво посееш — такво ќе сркаш. | |
Какво прашање, таков одговор. | |
Какво семе, таква жетва. | |
Какво си постелеш, на такво ќе си легнеш. | |
Како алтани да имат во устана. | |
Како в бунар да си го фрлил. | |
Како ве остајв, така ве најдов. | |
Како викнато, така оѕвано. | |
Како вода донесло, така и однесло. | |
Како го крошни залулале, така го мотика закопала. | |
Како го купив, така ти го продам. | |
Како Господ што рекол. | |
Како да зина земја и го голтна. | |
Како да не јајт леб секој ден. | |
Како да не јајт солено. | |
Како дома нигде нема. | |
Како дошло, така пошло. | |
Како дробиш, така јадиш. | |
Како змија да го къснала. | |
Како играш, така ќе ти свират. | |
Како костени да имат во устана. | |
Како крава кога а лизнало. (Кога е замазнет). | |
Како ќе дробиш така ќе сркаш. | |
Како ќе ја бркаш работата, така ќе ти ојт. | |
Како ќе си дробат така ќе си сркаат. | |
Како ќе си постелат така ќе си легнат. | |
Како ќе си постелиш, така ќе си легниш. | |
Како ќе ти свират, така ќе играш. | |
Како лук в очи. | |
Како магарето, и прлето. | |
Како мачка на сланина. | |
Како му стори умо, нека му трга глаата. | |
Како на чвек ти благодарам. | |
Како на чвек ти зборвам. | |
Како од камен го вадит сиромајот лебот. | |
Како од татква си стока да дат. | |
Како од таткво си ќесе да плашчат. | |
Како памбук да имат во ушине. | |
Како пошол, така дошол. | |
Како првио залак што е сладок, не ет и вториот. | |
Како предит мајката, така ткајт ќерката. | |
Како се задојл, така се ишчинал. | |
Како се заткало, така и се доткало. | |
Како се скројло, така ќе се ишчинит. | |
Како семката, и ластунката. | |
Како си дробил, така ќе сркаш, | |
Како си послал, така ќе легниш. | |
Како смртта пред мене да си ја гледам кога тебе ќе те видам. | |
Како срце болело, така и очи плакале. | |
Како срцето болело, така очите плакале. | |
Како Струга нема друга. | |
Како Струга немат друга. | |
Како ти свирет, така ќе играш. | |
Како чвек ти благодарам. | |
Како чвек ти зборвам. | |
Како што викнало, така му се оѕвело. | |
Како што дошло, така и си иошло. | |
Како што дробил, така нека срка. | |
Како што е аџија, уште да не е ајанџија, секој ќе го веруат. | |
Како што земаш пари, така и ќе даваш. | |
Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука, не ќе тргаа сиромасите мака. | |
Како што ти мислат комшиите, така не ти мислат куќните. | |
Како што ти мисли комшијата, така да ти мисли и Господ. | |
Како шчо го раниш кучето, така ќе ти ја вардит куќата. | |
Како шчо праеше, арно помина, | |
Како шчо праеше, си најде. | |
Каков башча, таков син. | |
Каков беше Петруш, таков е и Петро. | |
Каков грев, таква казна. | |
Каков е чвекот, таков е и зборот. | |
Каков е, таков е, не се менвит. | |
Каков јунак, таков калпак. | |
Каков клин, таков син. | |
Каков ќе си бидит чоек до ручек, таков и до вечер. | |
Каков му ет умот, таков му ет и домот. | |
Каков поздрав, таков отпоздрав. | |
Каков самар, таков товар. | |
Каков светец, таков венец. | |
Каков светец, таков и тропар. | |
Каков стопан, таков слуга. | |
Каков сурат, таков ќенеф. | |
Каков татко, таков син. | |
Каков ти е ак'ло, такав ти е и домо. | |
Каков ти е ато, таков ти е пато. | |
Каков ти е атот, таков ти е и патот. | |
Каков ти е дома, таков ти е на улица. | |
Каков ти е на оџако, таков ти е на сокако. | |
Каков што е таткото, таков е сино. | |
Каков што ет чоекот, таков му ет и зборот. | |
Какол и пченица си го мелит воденица. | |
Калај без нишадар не фашчат. | |
Кално орај, кално сеј. | |
Калот не го буричкај да не ти смрди. | |
Калугер девер и Турчин побратим не се фашчат. | |
Калугер и мъска за атар не знъет. | |
Калуѓер стори се, од работа мачна откини се. | |
Камен ако прогорит, та тој. | |
Камен да стисне, вода ќе пушти. | |
Камен през камен — ѕид. | |
Камен ти 'и потфатил ноѕете. | |
Камен што се тркала, тој трева не ваќа. | |
Камен шчо се тркаљат нигде место не фашчат. | |
Камен шчо се тркаљат, мов не фашчат. | |
Камено е тежок додека е на местото. | |
Каменот на местото си тежит. | |
Камење се не жнијат. | |
Камењето и песокта сет тешки, ама збороите лоши од безумнио сет потешки. | |
Камила гајтан не преде. | |
Камилата е за аспра, ама аспра нема. | |
Камилата за една аспра била, арно туку немало кој да ја купи и за аспра. | |
Камилата не е паднала од товаре, паднала е од јајцето. | |
Камилата отишла да траже рогове, та останала и без уши. | |
Камиља гајтан не предит. | |
Камиљата побарала рогои, та изгубила и ушите. | |
Камо бради та за чешли колку сакаш. | |
Камо ти, Маро, гајтани? | |
Кандило пред икона палење, без Христа чисто веруање — немат спасение. | |
Као црв во дрво се вие сиромаио. | |
Капа се купвит, ама ум не. | |
Капка по капка вир станује. | |
Капка по капка вирче | |
Капка по капка ѓол станува. | |
Капка по капка ќе протечи бразда. | |
Капка по капка се праи река. | |
Капка по капка — вирче. | |
Капкана и во камен дупка отворат. | |
Капкана и каменон го здлабит. | |
Карај се — барај се. | |
Карам, тепам, маж се бројам. | |
Караш ле магарето, ќе му трпиш и прдежо. | |
Карванот си врвит, кучињата лает. | |
Каре го — рите, води то — боде. Ка е скрои, така и ќе се сќине. | |
Каре и зијане са братја. | |
Кари лудо по лудо. | |
Касна женидба, млади сираци. | |
Ката ден Велигден не бидуат. | |
Ката ден газда, на Велигден парталеста. | |
Катаден гост, како кисел грозд. | |
Катаден зелник, на Велигден попарник. | |
Катаден Мара гизда, а на Велигден гнида. | |
Катадешен гост, ко ќисел грозд. | |
Катинарот е за арните љуѓе, а за лошите ни ѕизд не помогвит. | |
Като си прост, ќе те вјаа и низ рид и воз рид. | |
Като шчо е мирна в буре, така не е мирна в човека. | |
Като шчо ќе ти свират, така и ќе играш. | |
Като шчо си е дробил, така нека си срка. | |
Като шчо те мрази, така да те боли, нема зашчо да си жив. | |
Катран му капит од брадана. | |
Катран му течит од устана. | |
Кауѓер да има жена, не го прилега. | |
Кауѓер кој се сторил, на татка си и на мајка си не му пожалал. | |
Кауѓер стори се, од работа мачна откини се. | |
Кауѓерите многу пари зеле од мирјаните. | |
Кауѓерите си седат по манастирите и ич не бераат гајле за мирјаните. | |
Кауѓерите си седат по манастирите и си чекаат мирни на поклонение, та да му даруаат пари за јадење. | |
Кауѓерица — светотелица: во црква отишла, дете си родила. | |
Каури глава кренале! | |
Каурските имиња сите биле пиши, пиши. | |
Качи се на едното магаре, број девет, слези — број десет. | |
Кашлица, краста и љубов на может да се скријет. | |
Кашча без жена и маж без пари, лошо е. | |
Кашча без жена, не е кашча. | |
Кашча пари не врашча. | |
Кашча тесна — челед бесна. | |
Кашча тесна, ама срце нека е широко. | |
Кашчата не е кашча — жената е кашча. | |
Кашчата не стои на земјата, туку на жената. | |
Ке врвит будалшчина, не требит ум. | |
Ке врвит мъмејнца, не требит вистина. | |
Ке да појт, куќа собират. | |
Ке двајца, тој тројца. | |
Ке е кночко се ќинит. | |
Ке е сила не е праина. | |
Ке имат радост, имат и жаљост. | |
Ке јас со око, тој скокум. | |
Ке кумот без уем, од кумот два уема. | |
Ке ќе паднит огнот, таму горит. | |
Ке ќе пљуниш, не лижи. | |
Ке лежала пак да лежит. | |
Ке ми гљавет очиве. | |
Ке не се честет старите, немат бериќет. | |
Ке немат жена, немат ни кујќа. | |
Ке немат мачка, глуфците оро игрет. | |
Ке немат оган, не чадит. | |
Ке немат пот, имат глад; ке имат пот немат глад. | |
Ке ојш малу? — При многуто! | |
Ке ојш ти, јас се врашчам. | |
Ке ошол коњот ојт и огламникот. | |
Ке пријатељ како на гости, на ан и на отел како дома. | |
Ке ручат не вечерат. | |
Ке се карет двајца, не влегви. | |
Ке си ручал да вечераш. | |
Ке си Турци и Асан. | |
Ке скокат козана и јарето по неја. | |
Ке ти очи, таму ти и гла. | |
Ке тонит, не гази! | |
Ке тум, тој кум. | |
Ке шчо го болит зъбот, таму му ојт и јъзикот. | |
Ке шчо грмит не врнит, ке шчо врнит не грмит. | |
Ке шчо ѓаолот не можит, ја викат баба да му поможит. | |
Ке шчо излегвит збор и душа излегвит. | |
Ке шчо имат квачка, имат и пилиња. | |
Ке шчо имат момичиња, ќе имат и момчиња. | |
Ке шчо имат момчиња, ќе имат и момичиња. | |
Ке шчо имат се туриват, ке шчо немат не се туриват. | |
Ке шчо имат слога и куршумот над вода пливат. | |
Ке шчо имат, се туриват. | |
Ке шчо мат трева не никнит. | |
Ке шчо не помогвит збор, ќе поможит стап. | |
Ке шчо немат слога и чупките пропадвет. | |
Ке шчо петли не пеет. | |
Ке шчо плачет и ти плачи, ке шчо се смеет, смеј се. | |
Ке шчо плачет не смеј се. | |
Ке шчо чадит имат и оган. | |
Ке шчо чешат своја ръка, чужџа не мојт. | |
Кинисај по пат и не туку враќај се назад. | |
Кинисало за назад, Господ да те чуат. | |
Кинисало море во река да се давит. | |
Кираџијата не ја носи вастегарката за црни очи, ами за да си потприт. | |
Кирие не вели му кога му е кирилисан врато. | |
Киселината лута на садот свој си носи штета. | |
Кисело винце — радосна срце. | |
Кисело не бидуа благо. | |
Клај го волко да ти 'и пасит овците, ако сакаш да ти 'и издави сите. | |
Клапка без јазик не дрнка. | |
Клати врата, земај плата. | |
Клекни роди го, стани пови го. | |
Клета кучка девет бачии ќе брани. | |
Клин дрво цапи, кур кашча врти. | |
Клин со клин се истервит. | |
Клин сос клин се вади. | |
Клукај да ти отворат, сакај да ти даат. | |
Книгана трпит се. | |
Книгата дно нема. | |
Кночко, ама дълго. | |
Ко бев млад, „малчи не знъјш", ко остарев, „си се сматуфил"! | |
Ко беше вълкот куче. | |
Ко волот за сламата. | |
Ко да мъмиш, ке се пулиш. | |
Ко да не јајш солено. | |
Ко да се родит женско, и стрејне плачет. | |
Ко да спијат, леб не јајт. | |
Ко делел господ ум, тој стоел зад врата. | |
Ко имат леб, немат сољ. | |
Ко имат самар, зош' да вјат наголо. | |
Ко имат сољ, немат леб. | |
Ко имаш дај, ко немаш барај. | |
Ко јаболко да си преполојл. | |
Ко кравата на домълѕокот. | |
Ко ќе го стретиш ѓаолот, прекрсти се и бегај. | |
Ко ќе дојт лошото отвори му и враќето. | |
Ко ќе дојт св. Тома, секој да си ојт дома. | |
Ко ќе дојт умот, ќе сјојт кумот. | |
Ко ќе ја видиш чумата, си разја и на треска. | |
Ко ќе ми дајт господ мене со врешче, јас тебе со торба. | |
Ко ќе му порастет на ќосето мустаќи. | |
Ко ќе ојш у вълкот на гости, зеј го и стапот. | |
Ко ќе прогљат ќора кокошка и петелот ќе сакат да го јавнит. | |
Ко ќе се женит сиромајот секој му ојт на свадба. | |
Ко ќе се најајт прасето ќе го превртит копанчето. | |
Ко ќе се превртит колата, пътишча многу. | |
Ко ќе се родит женско, и стрејне плачет. | |
Ко ќе се фатит сиромајот, ќе се шчинит тъпанот. | |
Ко ќе си го видиш тилот. | |
Ко ќе стечит суводолица, тргни се понастрна. | |
Ко ќе стечит сувоцолица, се ќе однесит. | |
Ко магаре меѓу пастујте. | |
Ко нашол Еѓуптинот појќе мас, го намачкал гъзот да му светит. | |
Ко нема карван, и на празно може да се лае. | |
Ко од таткво му ќесе да дат. | |
Ко се јајт и пијат, пријатели доста. | |
Ко си ни дошол во селово, ќе поиграш и на орово. | |
Ко Тотот со шапката. | |
Ко шчо се надеев, арно се омъжив. | |
Ко шчо чешат своја ръка, чужџа не чешат. | |
Коа ќе си го видам тило, тогај ќе ти видам аирот. | |
Коа се родив, не знам и коа ќе умрам, па не знам. | |
Коа страчка без пашка, та и ти без момче. | |
Коа страчка без пашка. та и ние без чупе. | |
Кога би знъел чвек ке ќе го скрши вратот, никогаш там би ошол. | |
Кога брашно даве Господ, вреќата а зима ѓаволoт. | |
Кога бродот тоне, глувците први го напуштат. | |
Кога го намачка гъзот со јъглења, кога се стори квач. | |
Кога го отепал Господ, не треба ти да го тепаш. | |
Кога градина се копала, тогај баба се чешлала. | |
Кога да врни, за кокошките вода не требит. | |
Кога да ја нема дома мачката, глувците оро си играат. | |
Кога да ја нема дома мачката, глувците се што ќе најдат, ќе изгризаат. | |
Кога даваш со мера права, секој те веруат. | |
Кога двајца се карет, третиот го јајт ќотегот. | |
Кога дојде умо, не го најде кумо. | |
Кога дрвото ќе падне секој трча кон него со својата секира. | |
Кога е за доктур, викет поп, а кога е за поп, викет доктур. | |
Кога е најпотребно, тогаш Господ помага. | |
Кога е чвек гладен, свирка во меот му свирит. | |
Кога зборвит постар, помладите требит да малчет. | |
Кога зглежџаш момичка, фрли опуљ и на мајката. | |
Кога игра десно - „на арно е“. | |
Кога имаш маша, не ваќај го огно со рака, оти ќе те изгорит. | |
Кога кобила ќе ватат, таа ќе вршит. | |
Кога кокошка многу грачи, помалку јајца снесуа. | |
Кога кукумавка куке, знај оти болес ного ки има. | |
Кога ќе 'и ишчиниш тие опинци, ќе ти купам други. | |
Кога ќе видам, ќе повервам. | |
Кога ќе влегуаш кај судот, портата ти се гледат многу широка; а кога ќе излегуаш — тесна. | |
Кога ќе дојт чвек до питачки стап, секој бегат ад него. | |
Кога ќе зафатиш една работа, требит да је битисаш. | |
Кога ќе и доит на кокошката јајцето на газо, тогај барат седело. | |
Кога ќе је дојт за носење, кокошката сама ќе си најт седело. | |
Кога ќе ми никни коса на дланката, тогај аир да имаш во куќата. | |
Кога ќе му дојт јајцето на гъзот, барат седело. | |
Кога ќе му порасти на коњо рогои, тогај и на ќос мустаќи. | |
Кога ќе се угаси свеќата, сите жени се исти. | |
Кога ќе те турнит Господ, и вредно и невредно ќе те туркат. | |
Кога ќе ти врзам една трешница, обете очи ќе ти светнат. | |
Кога ќе ти дадат прасе, убаво држи ја вреќата. | |
Кога ќе ти платит, и мене да ми кажит. | |
Кога лажиш, кај се пулиш? | |
Кога легнав, како скапана круша веднаш заспав. | |
Кога мечка не ти гази лозјето, не викај по неа. | |
Кога мечката игра во соседниот двор, очекувај да пристигне и кај вас. | |
Кога многу грмит, малку врнит. | |
Кога многу грмит, малу дожд врнит. | |
Кога многу грмит, многу врнит. | |
Кога не те закача мечката, и ти неа немуј. | |
Кога не те прашаат, не треба да кажуаш. | |
Кога некој ќе добие мали чирчиња велат: „на здраве е“. | |
Кога некој ќе се изгорит, тогаш скокат. | |
Кога некој се дави, и за сламка се фаќа. | |
Кога нема ѓаолот работа, си 'и ебе децата. | |
Кога нема ѓаолот работа, си 'и тепа децата. | |
Кога нема ѓаолот работа, си и ебит децата. | |
Кога немат век, немат лек. | |
Кога немат глаа, чуму му е брада. | |
Кога немат манџа — пости, кога немат пари — великој пости. | |
Кога немат пиле, арна е и страчка. | |
Кога немаш пари никој чест не ти прајт, дури ни жената. | |
Кога од несакање ќе се згреши, и Господ ќе прости. | |
Кога петлите често пеат, брго ќе се разденит. | |
Кога пијам кр, кр, кр, а кога плаќам тр, тр, тр. | |
Кога прајш црква, напрај и камбанарија. | |
Кога прајш џамија, напрај и минаре. | |
Кога работи ѓсолот што ќе прави Господ. | |
Кога се вати сиромаиот на танец, се скина танецот. | |
Кога се вълците гладни, јагнињата се криви. | |
Кога се давит чвек, и за змија се фашчат. | |
Кога се давит чвек, и за усвитено железо се фашчат. | |
Кога се карет двајца, третјот печалит. | |
Кога се криеш, не кашлај. | |
Кога се потурчи, кога свитка чалма. | |
Кога се раѓа женско и стреите плачат. | |
Кога се сторил Еѓуптинот цар, прво татка си го обесил. | |
Кога се фати сиромавио на оро, се скина тапано. | |
Кога си во Рим, однесувај се како Римјаните. | |
Кога си се фатил на оро, требит да играш. | |
Кога сиромаштијата ќе дојде на врата, љубовта излегува низ прозорец. | |
Кога сите ќе ти речат магаре си, време е да почнеш да рикаш. | |
Кога сме се собрале, да се слушаме. | |
Кога среќата тропа на врата, отвори и. | |
Кога стопанот не е дома, куќата се запустува. | |
Кога та се тљат лисицана најкротка, најмног варди 'и кокошките. | |
Кога ти игра лево око ќе се разболеш. | |
Кога ти одеше таму, јас се врашчав отаде. | |
Кога ти се фатил ѓаолот за пола, ќини ја полата. | |
Кого гледаш со брада и чалма, татко не ти бидуат. | |
Кого го болит, тој плачит. | |
Кого го вардит господ, пушка не го бијат. | |
Кого къде го јајт, таму се чешат. | |
Кого милуат Господ, и го накажуат. | |
Кого туѓа вошка не го полаза, не може да сети што е јадеж. | |
Код не седит мадро, ќе носит модро. | |
Коде слушаш много круши с мала торба оди. | |
Кое куче ме залајало, избесело. | |
Кое куче од далеко лае, не апе. | |
Кое лето без горештина. | |
Кожа в'к не плаши. Кожето белее, бабата лудува. | |
Кожа и коски останал, - се вели кога некој многу ќе ослаби. | |
Кожата на образон му е бијолска. | |
Кожата на петар. | |
Кожата од грбот ќе му ја одерат. | |
Козата грат а колке, она с пашката нагоре. | |
Козата е мајстор што праи со газо петлици. | |
Козата мъмит, рогот не мъмит. | |
Кози и кожи не живеат на едно место, ама бива кат са се нашли. | |
Кои се фаќаат за нож, од нож ќе загинат. | |
Кој арно зафашчат, арно ќе битисат. | |
Кој арно зафашчат, полојна работа битисвит. | |
Кој барат жена без кусур, без жена ќе останит. | |
Кој барат многу, ќе го загинит и малуто. | |
Кој барат преку лебот погача, ќе останит без леб. | |
Кој барат рогои, ќе изгубит и ушите. | |
Кој бега од гости да си одбегне од кожата. | |
Кој бега од дош, ќе падни на град. | |
Кој бегат од арно, ќе паднит на лошо. | |
Кој бегат од трн, ќе паднит на глог. | |
Кој беда сее, тој гнев жнее. | |
Кој берит трошки, берит и пари. | |
Кој бргу судит, бргу се и кајт. | |
Кој брзат, грешит. | |
Кој брзо се жени, полека се кае. | |
Кој бркат чужџа работа, својата ќе је остајт. | |
Кој брца рацете в медо, он ќе си и и олиже. | |
Кој бура сее, невреме жнее. | |
Кој в трн, кој в грм. | |
Кој варит манџа на трески, ќе му мирисат на чад. | |
Кој варка, ќе си превари касмето. | |
Кој вервит соној, пасит вепрој. | |
Кој вечерат вино, ќе ручат вада. | |
Кој видел ајр од работа! |