100 причини зошто те сакам
Пишува: Јована Матевска / Мемоарите на зеленооката
1. Те сакам поради начинот на кој се смееш.
2. Те сакам зашто твоите очи ме гледаат само мене.
3. Те сакам зашто имаш слаткоречива мелодија во гласот.
4. Те сакам кога поцрвенуваш од лутина,знаејќи дека јас сум причината.
5. Те сакам кога поспано зборуваш во сонот.
6. Те сакам и кога ме караш како да си ми татко.
7. Те сакам зашто се топам во твоите пазуви.
8. Те сакам зашто прв наутро ме будиш,а си последна мисла пред да заспијам
9. Те сакам зашто твојот допир ги буди пеперутките во мојот стомак
10. Те сакам зашто не потклекнуваш пред егото додека јас плачам
11. Те сакам кога си поигруваш со палавото праменче над челото.
12. Те сакам зашто за тебе сум најубава и кога сум без шминка
13. Те сакам зашто ме предупредуваш дека сум се здебелила,па ми купуваш чоколадо
14. Те сакам зашто ме исправаш каде грешам
15. Те сакам зашто за тебе секогаш ќе бидам победник,иако сум паднала ниско
16. Те сакам зашто си мој најверен другар со кого можам да се бакнувам до доцна во ноќта
17. Те сакам зашто ми го разбубавуваш денот,а ноќта ја правиш послатка.
18. Те сакам зашто слатко псуеш кога ќе те претекне друг автомобил
19. Те сакам зашто си прв и последен кој го отклучил моето срце.
20. Те сакам затоа што толку несовршено зборуваш на англиски
21. Те сакам затоа што си тврдоглав
22. Те сакам затоа што постојано го грешиш текстот на песните
23. Те сакам затоа што пиеш кога јас пијам,но ме прекоруваш после третата чаша
24. Те сакам зашто јас сум твојата малечка
25. Те сакам зашто си оној истиот кој го запознав
26. Те сакам зашто си покрај мене,кога не се чувствувам добро.
27. Те сакам зашто и покрај настинката ме бакнуваш сочно.
28. Те сакам зашто ти си секогаш во право,исто како мене.
29. Те сакам зашто имаш посебен од што те одвојува од другите.
30. Те сакам зашто си свој и уникатен.
31. Те сакам зашто заборави на сите бивши,кога ми се предаде мене.
32. Те сакам зашто слатко се смееш кога ќе направиш беља.
33. Те сакам зашто ги имаш најубавите дупчиња на образите.
34. Те сакам затоа што не си заплакал пред мене.
35 ...но признаваш дека си пуштил солза за мене.
36. Те сакам зашто си вистински маж кој ги прифаќа последиците.
37. Те сакам затоа што се согласуваш со секоја луда идеја која ми минува низ главата.
38. Те сакам зашто ми ги забораваш родендените,па шармантно се извлекуваш со чуден изговор.
39. Те сакам зашто кажуваш бели лаги.
40. Те сакам зашто ме поведуваш до врвот,но цврсто чекориме по земја.
41. Те сакам зашто си разумен
42. Те сакам и кога се однесуваш детинесто и палаво во моја близина.
43. Те сакам зашто ужасно готвиш и уште подобро ја загоруваш вечерата.
44. Те сакам затоа што ме нервираш
45. Те сакам зашто си горд на влакнестите гради.
46. Те сакам зашто се плашиш и од инсекти,но пред мене си вистински херој.
47. Те сакам зашто ја криеш очигледната тага,само за да не ја прoектираш врз мене.
48. Те сакам зашто цврсто ме држиш за рака,како да не сакаш никогаш да ме пуштиш.
49. Те сакам зашто со поглед го смрзнуваш секој досаден додворувач.
50. Те сакам зашто не сакам да те заменам со ниеден.
51. Те сакам зашто во тебе имам се што сум барала.
52. Те сакам зашто горд си што сум ти девојка.
53. Те сакам зашто ми ги бришеш солзите со една насмевка.
54. Те сакам зашто си понизок кога ќе обујам потпетици.
55. Те сакам иако за тебе фудбалот е живот,а за мене-модата.
56. Те сакам зашто доаѓаш со мене на шопинг,колку и да е тоа досадно.
57. Те сакам иако треба да ја промениш фризурата.
58. Те сакам зашто ми предизвикува морници и споменувањето на твоето име.
59. Те сакам зашто ти си мојот Дедо Мраз за Нова година и смешен кловн за Први април.
60. Те сакам зашто тоа што те имам е најскапоцен подарок.
61. Те сакам зашто годините се само граница.
62. Те сакам зашто не верував во љубов,но ми го покажа спротивното.
63. Те сакам зашто и крајот на светот со тебе е вечност.
64. Те сакам зашто имаш илјада маани,но ниедна не би променила
65. ..а најголема доблест е твојата љубов кон мене.
66. Те сакам зашто би отишла и во бестрага ако таму ме чекаш.
67. Те сакам зашто од крута феминистка ме направи кроток Купидон.
68. Те сакам иако ти љубоморам на заоблениот задник.
69. Те сакам зашто ме иритира и боцка твојата неизбричана брада.
70. Те сакам зашто бакнежот после кавга ме тера да заборавам на се претходно.
71. Те сакам зашто имајќи те тебе и спортот доби некаква смисла.
72. Те сакам иако доцниш на секоја средба.
73. Те сакам зашто секој следен ден со тебе е неизвесно изненадување
74. ..а секој ден без тебе-болно измачување.
75. Те сакам зашто гаиш инает исто колку мене.
76. Те сакам зашто си сестран човек,отворен за секакви теми.
77. Те сакам и кога се лутам дека многу време минуваш со другарите.
78. Те сакам кога се правиш дека се разбираш во механика, но што ќе допреш-си го расипал.
79. Те сакам зашто премногу добро те познавам кога лажеш.
80. Те сакам зашто не попушташ прв,не попуштам ни јас.
81. Те сакам зашто немаш поим од математика,но гениј си за коефициенти во кладилница.
82. Те сакам зашто ти смета чадот од моите цигари.
83. Те сакам и кога се нервирам дека не ми креваш на телефон.
84. Те сакам зашто обожаваш да ме галиш по косата.
85. Те сакам кога ми докажуваш дека црното е бело,а белото е црно.
86. Те сакам зашто си најдобриот партнер за бељот.
87. Те сакам затоа што се појави од никаде,а стана цел на мојот живот.
88. Те сакам затоа што ги имаш најтажните очи и најсензуалните усни.
89. Те сакам зашто беснееш кога ќе те турнам на “Нелути се човече”
90. Те сакам зашто можеш цел ден да ги слушаш моите проблеми,без да ти здосади.
91. Те сакам затоа што си чуден.
92. Те сакам зашто беше мој сон,кој се претвори во јаве.
93. Te сакам зашто ја имам среќата да те сакам
94. Те сакам зашто си одличен сопатник.
95. Те сакам зашто сакаш и умееш да докажеш дека ти си во право.
96. Те сакам бидејќи и покрај сите тешкотии не се откажа од мене.
97. Те сакам знаејќи дека утрешнината ни носи само повеќе љубов.
98. Те сакам зашто никогаш нема да се покаам и кога нашиот крај ќе дојде.
99. ...но те сакам и зашто се надевам дека нашево нема крај.
100 .Те сакам зашто човек вреди да биде сакан и да те сака!!